Судир помеѓу три возила на регионалниот пат Струмица – Ново Село (помеѓу селата Дабиле и Босилово) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 5 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила. 1 лице е потешко, а 2 се полесно повредени. Благодарение на брзата интервенција изгаснат е едниот автомобилот кој беше во почетна фаза на горење, извадено е повреденото лице и предадено на екипата на брза помош.

фото: kanalvis.com