Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје , велат од МВР.

Во текот на денот се очекуваат детали од полицијата.