ФОТО: Исечени јапонските цреши во центарот на Скопје

Владимир Милчин утринава распали по ФБ за масовната сеча на дрва во Центарот на Скопје. Еве што напиша а нему му се приклучија и многу жители на Центар и екологисти:

Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…
“Вишновата градина” од Чехов завршува со сечење на вишните кои му пречат на новопечениот богаташ Лопахин, претходник на Азманов и сличните нему. Црешите паднаа, монструмот на НАСТЕЛ се крена. Затоа не верувам дека црешите биле болни и дека ќе насаделе нови. Колку грд ден! “Варвари” од Максим Горки на улицата “Максим Горки”. И насекаде околу нас!

Total
0
Shares
Поврзани објави