Охридскиот бренд односно бисерите на семејството Филеви кои ги поседуваат сите документи и сертификати за сопственост на името брендот и производите осамнаа на фејсбук страница на која накитот се нуди на продажба. Иако семејството има своја страница и дуќани во Охрид вешти измамници направиле страница која е лажна и успеваат да продадат лажни бисери за кои тврдат дека се оригинал од брендот на Филеви.
По реакции на оние кои купувале семејството со јавна објава појасни дека се работи за измама и дека освен нив и нивните три дуќани никој нема сертификати за изработка и продажба на оригинален охридски бисер со заштитено георафско потекло.

Почитувани поради реакциите на нашите клиенти, пријатели најголем дел од Македонија ,Хрватска,Србија итн. заблудени,излажани од страна на лице кое бесправно направило Facebook Page плагијат каде нелегално ги користи заштитениот геогравски назив Охридски Бисер и ителектуалната индустриска сопственост на трговската марка и знак Филеви 1928, секако и нема легитимен сертификат за производите,ниту пак морални и етички вредности. Го прави се со цел само да оствари финансиска корист со измама и лажно претставување да му наштети на угледот на брендот.
На десната страна сликата е еклатантен пример на законското нарушување  ако наидете на таа стран да знаете не на Михајло Филев и семејство Филеви кое е заштитено во рамките на законот.

 

 

Објавата на семејството е пред 15 тина дена но лажната страна се уште постои и е активна. Dosie.mk разговараше со Михајло Филев кој потврди дека според нивната приватна истрага знаат кој стои зад измамата.

Оваа фотографија

ни ја испрати измамен клиент кој увиде дека оваа амбалажа не е наша. Измамниците ја злоупотребиле дури и амбалажата. Мојата вистинска амбалажа изгледа вака по која исто така сме препознатливи.

Го известивме ФБ да ја затвори таа страна но за тоа е потребно подолго време. На лажната фејсбук страна се постирани и фотографии од нашиот од накит и предмети изработени од Охридски Бисер и филигран. Ние ги имаме сите документи и сертификати кои ги доставивме до институциите,ни појасни Михајло Филев.

Вака изгледа оригиналниот и препознатлив сертификат на семејството Филеви.

Само семејствата Филеви и Талеви ја знаат тајната за производство на оригиналните Охридски Бисери која се пренесува од колено на колено во семејството уште од 1928 година.