ЕУЛЕКС врши претрес во Организацијата на воентите ветерани во Приштина

Полицајци и војници на мисијата на Европската унија, ЕУЛЕКС, на Косово денеска вршат претрес во канцелариите на Организацијата на воените ветерани.

Како што пренесува косовскиот портал Инсајдер се уште нема информации за причините на претресот.

Акцијата следува само неколку дена откако ветераните објавија документи, кои подоцна се покажа дека се досија од Специјалниот суд.

Потпретседателот на организацијата на воените ветерани на УЧК, Насим Харадинај потврдил дека ЕУЛЕКС врши претрес во нивните простории и дека повикал адвокат.

„Секоја рутинка контрола без присуство на адвокат е незаконита. Јас го повикав адвокатат да оди таму затоа што јас не сум во канцеларија“, изјавил Харадинај.

Total
0
Shares
Поврзани објави