Експлозија на плинска боца во викендица во Матејче, повредени неколку лица

Плинската боца вчера експлодираше во викендица во селото Матејче во општина Липково.

Според информациите на ТВ21 во експлозијата повредени се шест лица, три лица се на интензивна нега, односно пластична хирургија и три во градската болница.

Лицата се на возраст од 30-40 години, а заменик министерот за здравство, Илир Хасани за ТВ21 изјавил дека здравствената состојба на повредените е стабилна.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Total
0
Shares
Поврзани објави