Експерт за говорот на телото за односот на Путин и Бајден: Што сакаа да сокријат лидерите?

Путин седеше со раширени нозе, додека Бајден ја имаше префрлено едната нога преку другата.

Мери Сивиело од Њујорк, специјалист за говор на тело, го коментираше однесување на лидерите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, на самитот во Женева. Покрај нејзините коментари, социјалните мрежи се преполни со анализи за средбата на двајцата моќници.

Сивиело забележа дека за време на официјалниот дел пред почетокот на денешната средба може да се забележи „одлучност, авторитет и сериозност“.

Таа посочува дека лидерот на Русија се однесувал како да претпочита да биде на друго место и дека и тој и Бајден дејствувале самоуверено.

За време на ракувањето, Бајден имаше мала, срдечна насмевка, што е знак дека „сака да си игра со топката“, додека лицето на Путин беше сериозно, забележа Сивиело.

Слична динамика на однесување остана кога двајцата лидери започнаа разговор зад затворени врати.

Кога седна, нозете на Бајден беа малку свртени кон Путин, што е карактеристично за некој што е отворен за разговор, вели таа.

Нозете на Путин беа раздвоени и подадени напред, што е поагресивна поза што укажува на тоа дека тој е помалку отворен за разговор, вели таа.

Добро е познато дека политичарите многу се грижат за секој детал при секој јавен настап. Колку и да е важна вербалната комуникација и што ќе кажат пред камера, подеднакво важни се и невербалната комуникација, гестовите, изразите на лицето, говорот на телото, како и изборот на облека.

Она што прво паѓа во очи кога ќе ги погледнеме двајцата водачи се нивните вратоврски. Додека Бајден се одлучи за вратоврска со сина нијанса, изборот на рускиот претседател падна на некоја варијанта на вишна.

Експертите ја сметаат сината боја како безбедна и боја со која нема грешка, бидејќи ги поврзува луѓето со морето и небото и делува смирувачки. Тоа е боја што го симболизира интегритетот, а луѓето што ја носат се сметаат за искрени, тивки и имаат смирувачки ефект врз околината. Се чини дека американскиот претседател тргна по сигурна варијанта и не сакаше многу да експериментира кога станува збор за избор на вратоврска.

Со црвената боја треба да се биде внимателен затоа што е двосмислено. Аналитичарите ја негуваат тезата дека црвената боја претставува моќ, страст, но и храброст и опасност. Многу зависи од црвената нијанса. Потемните тонови влијаат на градењето на доверба, додека од друга страна, посветлите црвени тонови на вратоврските се поврзани со креативноста.

За потсетување, двајцата лидери дене се состанаа во Женева, во Вила Ла Гранж, на првиот самит по изборот на Бајден на претседелската функција

извор: vocentar.com

Total
0
Shares
Поврзани објави