ЕКСКЛУЗИВНО : Украинката најдена на Шапка не била изгубена туку дел од номадска група будисти која спие и прави забави по планини

“21-годишна Украинка се изгубила на Попова Шапка, но имала среќа да биде пронајдена од полициски службеници. Како што соопштија од МВР, таа кампувала на планината со уште две лица, по што тројцата продолжиле со кампувањето”, вака пишува во полициското соопштение за синоќешната драма на Попова Шапка.

Но Dosie.mk дојде до детали за оваа група луѓе кои шетаат по планини и преспиваат во импровизирани шатори или напуштени штали. Не се работи за изгубена група туку интересни посетители на планината.

Групата се состои од 5 мина и тоа Укранката , момче од Германија од Израел , две девојки од Украина и една од Германија. Тие биле група која со себе носеле и посебен тапан со кој пееле и правеле забави по планини. Претходно биле во Албанија, а сега се нашле на Шапка. Нашле напуштена штала и сакале да преспијат и да си прават забава со индиско афрички тапан.

Бидејќи синоќа било минус 3 степени и на Шапка имало силно невреме и минусни температури некој од локалното население кој ги видел претходно дигнал аларм дека ги нема. Полицијата успеала да ги најде и по краток разговор тие повторно заминале во планина. Биле облечени во специфична гардероба и со сандали на нозете и кажале дека се будисти кои живеат ваков живот.

Полицијата им понудила да преспијат во хотел и тоа без никаков надоместок но будистите одбиле.

Total
0
Shares
Поврзани објави