Авдиљ Јакупи познат како Командат Чакала како што пренесоа деновиве almakos.mk и неколку медиуми на албански јазик во Македонија завчера бил уапсен па ослободен во Србија. Според медиумите поранешниот командант на ОВК во Македонија патувал коон Австрија во посета на блиски роднини. Српската полиција го слегла од автобусот со кој патувал и бил приведен. По сослушувањето било утврдено дека Јакупи во Македонија одлежал затворска казна од 14 години и два месеци , а од затвор излегол пред еден месец. Нему му е забранет влез во Србија. Јакупи беше обвинет дека го минирал возот на линијата Атина – Белград. Потоа додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, за што доби 22 години затвор.
Поврзани објави
Фото: Вандализам во скопски Градски Парк
Повторно вандализам во Градски Парк – ноќеска срушена бистата на Коле Неделковски. Случајот е пријавен во полиција за…
Син уби татко кај Клинички
Сношти во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје се случило убиство. Според извори на „А1он“, син,…
Обвинителот Јовески прашува : “Кој ќе го врши надзорот над работата на СЈО”
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во дел од интервјуто за ахенцијата МИА зборува околу работата на СЈО и…
Следниот месец администрацијата се враќа на работа со полно работно време
Во полн состав и со полно раобтно време од 1 февруари државната и јавна администрација се враќа на…