Едногласно – Катица Јанева заминува во историјата- Собранието ќе ја разрешува

По одржаната седницата која заврши завчера и на која беа презентирани детали од вмешаноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во случајот „Рекет“, денеска Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука дека исполнети се услови да се започне постапка за разрешување на шефицата на СЈО.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев изјави дека во разумен рок треба да се изготви извештај и истиот да биде испратен во Собранието.

„Секој од членовите на Советот на јавни обвинители даде свое мислење кое се однесува на постапувањето на Јанева и одлучивеме едногласно дека се исполнети сите услови да се почне со постапка за разрешување на Јанева. Едногласно донесената одлука, се надевам до крајот на денот ќе биде изготвена и испратена во Собранието”, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Штериев.

Јанева е во притвор за случајот Рекет и е дел од осомничените кои изнудувале пари за влијание на предметите на СЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави