Една година 44 поранешни пратеници ќе земат апанажа по 100 илјади денари месечно

Вкупно 44 поранешни пратеници ќе земат апанажа една година по завршувањена мандатот, која ќе изнесува сто илјади денари

Тоа право го имаат сите поранешни функционери кои по завршувањето на мандатот не се враќаат на претходните работни места и барат нова работа.

Пред неколку недели, премиерот Зоран Заев најави дека ќе им понуди работни места на поранешните пратеници за да се намалат буџетските трошоци за апанажа.

Сепак, бројот на поранешни пратеници кои побараа апанажа не е намален, туку зголемен во споредба со претходниот состав на Собранието.

Владата вети намалување на придобивките на функционерите, но нејасно е дали со тоа ќе се предвиди и укинување на апанажата.

Total
0
Shares
Поврзани објави