Едно лице им подлегнало на повредите здобиени во престрелката која се случи пред неколку часа во Куманово, во населбата Диво насеље. Ранети се уште уште три други лица.

Според првичните информации убиен е Веби Максути кој со тешки повреди од огнено оружје бил пренесен во болница каде подлегнал на повредите.

На вооружениот иницидент му претходела расправија меѓу членови на семејствата Латифи и Максути, која потоа ескалирала во вооружен инцидент.

Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка се случила нешто пред 19 часот во близина на маркетот „Арди“, кога лицата идентификувани од полицијата со иницијалите Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди.