Еден изрешетан двајца тешко повредени на Рузвелтова во Скопје

Вечерва на улицата Рузвелтова во близинна на просториите на СЈО се случила криминална пресметка во која маж е убиен на самото место , а двајца се тешко повредени и се борат за живот. Пукано е од автоматско оружје во автомобил во движење. Полицијата трага по сомнителното возило од кое е пукано а улицата од семафорите кај Симпо до Орце Николов е затворена и е забранет пристап до местото на пукање.
Познат е идентитетот на убиениот а најверојатно се работи за криминална пресметка на подземјето поврзана со преходно убиство на лихвар. Полицијата се уште и до доцна во ноќта ќе собира форензички докази, а утре ќе соопшти детали. Засега се знае дека е пукано со каласников од возило џио во сиво возило во кое биле убиениот и повредените.

Total
0
Shares
Поврзани објави