Две семејства се тепаа пред Градска болница

Попладнево две семејства најпрво вербално, а потоа и физички се пресметале,  откако дете  удрено од автомобил било пренесено во Универзитетска клиника по хируршки болести „Свети Наум Охриски“ во центарот на Скопје.

Според полициски извори во близина на старата градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства, при претходно сличена сообраќајна незгода, во која, според привични сознанија било удрено дете.

Поради физичката пресметка меѓу луѓето, три полициски возила со по неколку полициски службеници интервенирале пред болницата по пријавата за нарушен ред и мир.

Total
0
Shares
Поврзани објави