Две млади родилки починаа од Ковид-19, бебе е во критична состојба, докторите се борат за живот

Две родилки починаа по компликации на коронавирус, откако претходно биле породени на ГАК во Скопје, потврдуваат од ГАК за ТВ21.

Едната родилка билка донесена од Инфективната клиника, а потоа префрлена на КАРИЛ поради влошување на состојбата.

Другата пациентка во тешка состојба високо фебрилна на 10-ти е породена, а на 14-ти префрлана на „8-ми септември“ поради нагло влошување на состојбата.

Едно бебе е недоносено, односно породено во 30тата недела, сега е поставено на респиратор и докторите се борат за живот.

И двете мајки биле второротки.

Извор: mk.tv21

Total
0
Shares
Поврзани објави