Две малолетнички прегазени кај Бит Пазар, пренесени итно во болница

Две малолетни девојчиња на возраст од 13 и 13 години вчера биле удрени од автомобил кај Бит Пазар.

-Во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје, информира МВР.

Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

соопштение МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави