Струмичката полиција соопшти дека деновиве се пријавени две силувања на девојчиња. Во продолжение соопштението на СВР Струмица.
– Секторот за внтрешни работи во Струмица информира дека е поденесена кривична против Н.С. од Струмица за сторено кривично дело „силување-друго полово дејствие“. На 16 јули годинава, околу 01:00 часот во Струмица кај трговскиот центар „Глобал”, 14-годишно девојче од Ново Село, заедно со нејзината братучетка од Скопје, со такси возило управувано од пријавениот се упатиле кон Ново Село. При тоа, на влезот во Ново Село братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење до паркот, каде требало да се симне девојчето, но истиот не застанал на наведеното место и продолжил со движење. На излезот од Ново Село, пријавениот го паркирал возилото и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил во Ново Село.

Второто силување се случило пред два дена на 22 јули. Во Полициската станица во Струмица, од страна на 14-годишно девојче пријавено е кривично дело „силување“, извршено од 17-годишен малолетник. По пријавениот настан од страна на СВР Струмица во координација со Основното јавно обвинителство во Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР