Дурловски го врати пратеничкиот мандат од морални причини

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски поднесе оставка од функцијата пратеник. Одлуката Дурловски ја објави преку Фејсбук каде ги објаснува причините.

Тој тврди дека негови приоритети се националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за идните генерации.

„Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, вели Дурловски.

Како независен пратени тој се приклучи на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека оставката на Дурловски е негов личен став, но тој останува верен на земјата и на ВМРО- ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Поврзани објави