ДУИ ветува решение на проблемот „седи дома-земај плата“

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции:

„Треба да се најде место во државните институции за 1.300 лица кои се сега вработени во Министерството за политички систем кое го водам. Тоа ќе ни биде приоритет. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја. Ќе почнеме да ги мониторираме потребите реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и неселективната правда преку ветинг, рече тој, додавајќи дека не може да постои една правда за едниот, а друга правда за другиот“, изјави Груби.

Универзитетскиот професор Темелко Ристовски вели дека е добро што постои и политичка волја да се распоредат административците што земат плата без да одат на работа.

„Лично очеекувам дека тоа набргу и ќе се стори. Ноторен е фактот дека поединец не може да реши проблем без соработка и поддршка на сите надлежни институции. Оти не може некој да седи дома и да прима плата, тоа е нон сенс, но штом постои политичка волја институциите ќе се активираат и ќе го решат проблемот“, смета Ристовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави