ДУИ незадоволни од одлуките на претседателот Пендаровски

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека ДУИ е загрижен по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.

“Вчерашната одлука на претседателот ги вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации “, рече Османи.

Се верува дека документите според кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е именуван како Александар Антиќ-соработник на УДБА, се објавени во јавноста токму од Муслиу.

Османи додаде дека се додека предметот Куманово не биде целосно разјаснет, инволвираните лица не можат да заземат клучни позиции во институциите. Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил со задни намери.

Муслиу беше споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор на агенцијата, но Ѓорѓе Иванов се повлекол од можниот избор по силна реакција на ДУИ, кој кандидатот тогаш го оцени како „несоодветно кадровско решение“.

 

 

Total
0
Shares
Поврзани објави