Државниот санитарен инспекторат ги поништи решенијата за надзор и изолација на лицата кои влегле во земјата со негативен тест за ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го запре извршувањето на решенијата за ставање под здравствен надзор и изолација лица кои во перидот од тринаесети јуни до денес влегле во земјата со негативен ПЦР тест на ковид-19 од земји со среден и висок ризик. Владата соопшти дека ДСЗИ оваа одлука ја донесе на барање на Генералниот координативен кризен штаб
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13 до 25 јуни за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок или среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, соопшти Владата.

Total
0
Shares
Поврзани објави