Државата ги дискриминира луѓето со инвалидитет и ние заслужуваме живот !

Денеска продолжува јавната расправа за Законот за социјална заштита на кој жетоко реагираат лицата со инвалидитет. Тие појаснуваат зошто Законот е дискриминирачи:

Предлагачот на Законот, во овој случај Министерството за труд и социјална политика, во петок по кратка постапка се обидува да протурка закон  во кој лицата со попреченост би ги ставило во уште неповолна положба , условувајки ги со парични надоместоци , а истиот не земал во предвид  оваа категорија граѓани не се ослободени од партиципација  при болничко лекување , иако во меѓувреме Владата  донесе одлука за поскапување.т е покачување на партиципацијата за 50%. Со надоместокот за пореченост –познат како додаток за мобилност во висина од 7000 денари  Социјалната инклузија не постои за лицата со попреченост и нивните семејства, социо-економскиот статус на оваа категорија на граѓани е многу низок, ангажманот на институциите е недоволен, непостои меѓусекторска соработка меѓу институциите, а социјалната заштита е минимална.

Предлог Законот за социјална заштита има одредени неправилности и ограничувања-условувања  за користење поддршка и помош со што уште повеќе  ја влошуваат социо-економската состојба на лицата со попреченост и нивните семејства, но и ненамерно ја поттикнува потребата од сместување во институции на лицата со попреченост. Од осамостојувањето до денес, евроатлантските интеграции се приоритетна определба на Република Македонија. Дневно, политичките прашања се во фокусот на вниманието, за сметка на социјалниот развој и унапредувањето на човековите и граѓанските права на лицата со попреченост и нивните семејства. Во 2011 година, Собранието ја ратификува Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попречености и истата е влезена во член 118 од Уставот на Република Македонија и има обврска да ги спроведува нејзините одредби, но воведувањето  на препораките од ОН Конвенцијата воопшто не се запазени  во овој предлог закон за социјалнта заштита .

Клучната цел на промените кои ги бараме е можност за достоен живот , да направи цена на чинење ,т.е да го земе фактот , бидејќи лицата со хендикеп за разлика од своите согараѓни кои се без хендикеп-имаат поскап живот , и тие 7000 денари воопшто не ги задоволваат стандардите за достоен живот, бидејки повеќето од нас пола од овие 7000 ден ги трошиме на лекарства, редовни медицински прегледи со партиципација , и поради непристапната инфрструктура  приморани сме да користиме такси или да ангажираме возила , за останатите давачки кон државата , исто така не сме ослободени од ДДВ, плаќаме комунални сметки , за храна која ја препорачуаат лекарите – ни одалеку неможеме да си дозволиме , СО ТОА ЦЕНИМЕ  дека Предлагачот на Законот не создава услови и средина Не водејки сметка за заштита од исклученоста и не борејќи се против сите форми на дискриминација .

Затоа апелираме до Пратенците од сите политички партии , да ги земат во предвид нашите забелешки кои уредно им се доставени и истите да ги предлоожат како амандмани  до предлагачот на законот и кој на истата седница би ги изгласале.

А тоа дека државата НЕМА ПАРИ –не го прифакаме како оправдување,.Државата има пари и е должна да обезбеди Живот за сите , доколку нашите предлози не поминат на седницата , тогаш Македонија ќе докаже дека е дискриминирачка држава по основ на хендикеп каде оваа група граѓани не ги уживаат сите бенефити како останатите свои сограѓани.

Total
0
Shares
Поврзани објави