Доживотен затвор за Ратко Младиќ, пресуди Хаг

Судскиот совет во Хашкиот трибунал пред малку соопшти дека Ратко Младиќ добива доживотен затвор за геноцид и воени злосторства. Пред д абиде соопштена пресудата Младиќ беше отстранет од судницата оти му се слоши.

Судот при изрекувањето на пресудата на Младиќ заклучи дека во општините Фоча, Кључ, Котор Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница се случиле злосторства над несрпското население, но оти нивната намера не била истребување на народот.

Судскиот совет утврди дека во БиХ имало вооружен судир и дека злосторствата извршени во таа држава имале карактеристики на систематски, масовни и раширени дела.

Такви заклучоци првостепениот совет донесе и во пресудата за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој беше осуден на 40 година затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави