Дождот ја спаси охридската плашица

Синоќа дождот ја спаси охридската плашица која угинуваше во Студенчишкиот канал. Во текот на ноќта најмногу дожд наврнал во Охрид, 15 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура достигна 6 степени Целзиусови.

Во текот на вечерните часови екипи на ЈП „Охридски комуналец“ со цистерни тураа вода во најзагрозените делови на каналот, се со цел да и се достави свежа вода богата со кислород на рибата што веќе манифестираше вознемиреност и невообичаено однесување, симптоми карактеристични за т.н. асфикација односно задушување.

Претходно Општина Охрид нареди исклучување на пумпите за вода од каптажата „Билјанини Извори“ наменети за потребите на ЈП „Водовод“ и пренасочување на водата во Студенчишкиот канал.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Вицепремиерот Бујар Османи се ангажира за ослободување на Морина, припадник на УЧК кој Србија бара да биде екстрадиран оти е осомничен за воени злосторства

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека уште од првиот ден по приведувањето на поранешниот припадник на…