ДОСИЕ сторија: Се крадат бисти од гробишта “Бутел”

Организирана банда краде бисти на градските гробишта Бутел , во Скопје. Информацијата е потврдена од луѓе кои пријавиле кражби како и од полицијата.

Според она што го кажуваат нашите извори бистите се скапи и тешки за носење, но е потребен и посебен алат за да бидат откачени од постољето. Украдени се многу, но сите кражби не се евдентирани во полицијата. Според нашите сознанија веќе има осомничени. Се истражува дали некои од вработените се замешани во бизнисот, со оглед на тоа дека гробиштата имаат обезбедување, а за да се изврши ваква кражба потебни се повеќе луѓе.

За информацијата се обративме со писмен допис до службите на гробишта Бутел, но од таму повеќе од една седмица нема никаков одговор.

Се обративме и до полицијата која даде кус одговор и во интерес на истрагата не открива детали.

Во врска со Вашето барање доставено до Одделот за односи со јавност и стратешки прашања, Ве известуваме дека  на подрачјето на градСкопје за 2019 година евидентирани се 13 кривични дела „тешка кражба“ на бисти на градските гробишта Бутел, пишува во известувањето од МВР.

Неофицијално украдени се неколку десетици бисти од кои дел биле пронајдено, но полицијата се уште истражува кој се занимава со овој добро организиран криминал.

Total
0
Shares
Поврзани објави