Вечерва во тетовското село Вејце се случил тежок инцидент во кој полицаец пукал и ранил двајца жители на селото, дознава Досие.

Според првичните неофицијални информаци инцидентот се случил половина час по полноќ во локална кафеана во која бил полицаецот и сега повредените.

Причината за пукањето се уште не е позната. Засега се знае дека пукал со службениот пиштол.

По пукањето полицаецот сам се предал во полиција , а повредените се префлени во болница.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.