До лето марихуаната ќе се легализира – Заев: Не е во ред да се оди во затвор за грам

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција каде го претстави владиниот план Акција 21 изјави дека парламентот на почеток на 2021 година ќе дебатира за декриминализација на канабисот, а до крај на јуни 2021 година ќе се дебатира за целосна легализација.

Заев истакна дека канабисот може да се користи како лек, но и дека има голем економски потенцијал.

„Искуствата на државите како Канада, Чешка, Холандија покажуваат дека заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност. Досега кај нас има 59 лиценци за оваа дејност и Владата е во комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. На европските пазар има стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани. Маслата од канабис и други продукти влијаат позитивно на многу болести како мултиплекс склероза, ХИВ, епилепсија и многу малигни заболувања и други болести.“,рече Заев.

Тој вели дека на овој начин се очекуваат повеќе од 250 милиони евра од производство на канабис за медицински цели и отворање нови високоплатени работни места.

„Точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде во светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. За оваа работа претстои почетокот на 2021 година, кога очекуваме да дебатира парламентот. За севкупната легализација ќе има дебата до крајот на јуни 2021 година, претходно ќе издебатираме, ќе го слушнеме гласот на граѓаните, а после и парламентот ќе постапува соодветно на насоките добиени од граѓаните“,порача Заев.

извор: sloboden pecat

Total
0
Shares
Поврзани објави