До кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба – оромен транспарент на Јавната расправа за Законот за ЈО

Во една од собраниските сали започна првата Јавна рсправа за Законот за Јавно обвинителство. По могуте договори и преговори во присуство на стручната јавност и медиумите денеска се одржува Јавна расправа за законот.

Пред почетокот пратениците од опозицијата од галеријата на салата спуштија огромен транспарент напишан на платно.

-Г-дине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба? – пишува на транспарентот.

Во салата „Борис Трајковски“ во Собранието нема игла каде да се фрли. Дојдоа и најголемите правни експерти во државата. Покрај министерката за правда, професорката Рената Дескоска, тука се и нејзините колеги професори Гордан Калајџиев, Гордана Силјановска, Светомир Шкариќ, академик Владо Камбовски, државниот обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лиле Спасова, обвинителката од Организиран криминал и корупција Гордана Смаќоска, а од поранешното СЈО дојде само Фатиме Фетаи. Тука се и претставници на американската амбасада. Присутни се и амнестираниет пратеници Крсто Мукоски и други , како и обвинети во нови случаи поврзани со настаните од 27април. Во салата е и претничката Фросина Ременски обвинета за дел од случајот Рекет односно за случај со малверзации поврзан со Мегународниот сојуз на Боки13.

Total
0
Shares
Поврзани објави