Директорот на скопската зоолошка во полиција поради фејсбук статус – тврди било шега

Директорот на Зоолошка градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, денеска бил повикан во полиција да даде исказ за објава на Фејсбук. Откако еден час давал изјави си заминал од полициската станица. Директорот на јавното претпријатие на Фејсбук напишал дека тие што ќе гласаат за една од партиите учеснички на изборите, треба да го пречкртааат зборот „Северна“ од гласачкото ливче. Доколку се интервенира на ливчето тоа станува неважечко

Денеска од ДИК повторија дека единствен начин на гласање е заокружување на бројката пред партијата за која некој сака да гласа, секоја интервенција со додавање или пречкртување на ливчето го прави неважечко.

Галетановски тврди дека објавата било шега.

Total
0
Shares
Поврзани објави