Димитров: Нека нема преговори ако македонскиот јазик е во прашање

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров смета дека почетокот на преговорите со ЕУ, пред се за Европа, ќе биде заеднички успех или заеднички неуспех.

Димитров ветува дека ќе направат се и ќе вложат се, во декември да се одржи првата меѓувладина конференција со Унијата, која во ниту еден случај не смее да зависи од идентитетските прашања.

Во врска со заканите за вето од Бугарија, вицепремиерот се повика на Договорот за добрососедство.

„Таму не е оспорено правото на самоопределување. Напротив, доколку се оспорува, тогаш тука нема пријателство“, дециден е Димитров.

Тој не ја исклучи можноста во декември да нема старт на преговорите.

“Доколку причина за тоа е македонскиот јазик, јас немам проблем со тоа”, заклучи Димитров.

Total
0
Shares
Поврзани објави