Димишкова пред Русковска за бате Васе и случајот Рекет

Судијата Весна Димишкова кај обвинителката Вилма Русковска “давала потребни известувања“. По шест часа излезе од зградата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал без да ја видат медиумите кои ги покрија сите влезови и излези за странки во оваа зграда.

Неофицијално, Русковска, ја повикала Димишкова по сознанија и искази на бизнисмен дека нејзиниот брат, адвокатот Васил Димишков, имал улога во случајот „Рекет“. Дел од медиумите, повикувајќи се на „протечен“ записник од сведочењето на Орце Камчев, објавија дека токму Димишков бил тој што го информирал Камчев дека е под посебни истражни мерки и дека треба да плати за да се олесни предметот против него.

Total
0
Shares
Поврзани објави