Дете почина од заразен менингитис, било на гости во Македонија ,а живеело во странство

Двегодишно дете вчера починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето било донесено со болничко возило во 11:30 часот од Прилеп со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса.

Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје, Милена Стевановиќ изјави дека болеста почнала неполни 24 часа пред приемот на детето, кое било на педијатриското одделение во Прилеп каде ја добило иницијалната терапија и во консултација со инфектолог било упатено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето на Клиниката веднаш било однесено на интензивна нега.

– Земени се потребни микробиолошки следувања и започнат е интензивен третман, но болеста за жал заврши со смртен исход во 18 часот и 15 минути, рече Стевановиќ, додавајќи дека станувало збор за многу тешка клиничка слика на болест предизвикана од бактеријата нисерија менингитис.

Ваква клиничка манифестација на болест, според д-р Стевановиќ, е исклучително ретка со висока смртност и покрај преземање на сите потребни тераписки мерки. Болеста почнува нагло, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца до четиригодишна возраст, како што е и ова дете. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогресира во најтешка форма која, за жал, завршува со смрт.

Детето живеело во странство и било на привремен престој во Македонија во изминатиот месец или месец и половина и најверојатно болеста ја добило тука.
Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок конктакт.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје во Скопје Владимир Микиќ соопшти дека штом е поставено сомневањето за оваа болест кај детето, инфектологот од Прилеп известил епидемиолог и веднаш е излезено на терен за да се преземат сите мерки кои се предвидени со протокол за постапување во вакви случаи.

– Тоа подразбира давање профилакса на сите со кои детето имало контакт, како оние што се грижеле за него, дезинфекција на санитетското возило со кое е превезувано и на болничките простории каде што било примено. Дополнително, епидемиолозите во моментов се излезени на терен и се вршат дополнителни епидемиолошки истражувања за дезинфекција на домот каде престојувало детето, рече Микиќ.

Се земаат и лабораториски материјали за да се види дали постојат одредени носители и да се намали ризикот од евентуални нови случаи, иако, како што рече, тоа е исклучително ретко. Оваа болест најчесто се јавува кај поединечни случаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави