Десетчлено семејство убиено во израелски напад во Газа

есет члена на едно семејство беа убиени утрово во израелски воздушен напад во западниот појас Газа. Осум деца и две жени беа убиени кога проектил истрелан од израелски борбен авион им ја уништи нивната куќа во бегалскиот камп Ал Шати. Сведоци изјавија дека авионите фрлиле три бомби врз куќата без предупредување.

Како одговор на нападот, Хамас испука проектили кон јужниот дел од Израел.

Во вчерашните протести на Палестинците во окупираниот Западен Брег, во судири меѓу демонстранти и израелските безбедносни сили, беа убиени 12 луѓе. Откако почнаа борбите во понеделникот досега загинаа најмалку 132 лица во Газа и осуммина во Израел.

Total
0
Shares
Поврзани објави