Десет семејства останаа без дом – голем пожар во Петровец

10 фамилии во општина Петровец од изутрината се без покрив, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја, објави Сител.

Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи. градоначалникот на општината вети помош за лицата и фамилиите кои го изгубија домот.

Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој се случи во бошњачката населба во општина Петровец.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2407179892865415/
Total
0
Shares
Поврзани објави