Во Макеоднонија се празнува Голема Богородица и денот на рударите. Православните христијани од изутрина се причестуваат по Богородичните пости. Празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Пресвета Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.
Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.
На овој голем празник со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет , е пораката која свештениците ја испраќаат од храмовите.
Овој ден е и многи голем ден и празник на рударите. Богородица е нивна заштитничка. Рударите во државата денеска во своите домови и рудници ја слават својата заштитничка Голема Богородица, а на 31 август ќе се одржи централната прослава во организација на Министерството за економија во Скопје, каде ќе бидат наградени најдобрите рудари од македонските рудници. Во рударскиот сектор во земјава работат над 12.500 работници
Поврзани објави
Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор
Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan…
Скопските градоначалници и Комисијата за заразни болести заедно во справување со вирусот
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, на кој треба да се разговара за…
Парите за финансирање на партиите се трошеле за избори
Комисијата за спречување на корупцијата констатирала дека пет политички партии правеле малверазиции со буџетски пари за организирање на…
Изводи се издаваат само во итен случај- снаа и свекрва склучиле брак , многу грешки во работата на матично – штрајкот продолжува
Вработените во Управата за водење матични книги нема да го прекинат штрајкот пред да се исполнат нивните барања.…