Демонстрации , солзавец – не го палете Белград

Група демонстранти вечерва упаднаа во салата во Домот на Народното  Собрание, предводена од независниот пратеник Срѓан Ного. Полицијата успеа да ја истера масата, но Ного остана во Собранието.

Протестот против воведувањето полициски час започна вечерва околу 20 часот и беше претежно мирен. Сепак, кратко време по 22 часот, група демонстранти започна да се качува по скалите пред зградата. Насобраните се туркаа и прскаа со вода, а сè беше проследено со извици „Нема го даваме Косово“, „О, Косово, Косово“, „Нема да дозволиме населување на мигрантите“.

По кратката турканица, полициските службеници успеаја да ги отстранат демонстрантите од холот на парламентот. Сепак, повеќето не се откажуваат од протестот.

Во моментов демнстрантите се растурани во помали групи , а полицијата секое групирање го растура со солзавец. Излегоа и граѓани кои порачуваат “Не го палете Белград ова е наш град”.

Околу собранието се поставува полициски кордон.


Total
0
Shares
Поврзани објави