Дел од парите за пругата кон Бугарија ќе се потрошат за други проекти

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека дел од парите за изградбата на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија со ребалансот на буџетот ќе се искористат за други проекти кои имаат добра реализација.

Бочварски најави нова постапка за проектот за пругата кон Бугарија поради спорот со изведувачот кој ги сопрел активностите на терен.

-При изборот на нов изведувач очекуваме веќе да не ни се јавуват вакви проблеми на трасата. Тоа е делница на која се работи 25 години, нешто што е недозволиво и ако сакаме да бидеме држава која ќе биде пример за реализација на капитални инвестиции ова не смееме ова да го дозволиме – рече Бочварски.

Total
0
Shares
Поврзани објави