Извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е готов и е доставен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за случајот „Рекет“.

Проверката на телефонотот беше коплетирање на сомнежи во истрагата и проверка на апликации за комуникација . Но резултатите се уште не се познати ниту пак Обвинителството соопштува дали Јанева се уште не е под истрага. Но вториот телефон за кој Јанева тврди дека е изгубен Обвинителство не знае какви податоци може да има. Но одговор на тоа може еветуално да даде вешачењето на телефоните на Бојан па иако го нема нејзниот телефон комуникацијата од апликациите може да се извлече и од телефон со кон евентуално била остварена комуникација.

Од кој телефон разговара на спикерфон како што обелодени обвинителката Русковска не е познато. Сепак овие детали се важни за истрагата која е тајна и Обвинителството кога ќе има конкретни резултати ќе ги соопшти.

Специјалната обвинителка си даде оставка минатиот понеделник, дента кога беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец. Од тогаш, нема информации каде се наоѓа таа, освен дека ден потоа, во вторник, отворила боледување во Гевгелија.