Цукерберг смета дека е преголем ризик во овој момент да се остави Трамп да ги користи социјалните мрежи. Посочуваат дека тој вчера го искористил неговиот профил за да го одобри, а не да ги осуди влегувањето во Капитол.

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ќе го блокираат американскиот претседател Доналд Трамп, барем до крајот на неговиот мандат кој истекува на 20 јануари, соопшти извршниот директор Марк Цукерберг.

Во објавата тој наведува дека настаните во последните 24 часа се шокантни и дека е јасно оти намерата на претседателот Трамп е да го искористи преостанатото време од неговиот мандат за да ја поткопа мирната и законска транзиција на власта, која треба да ја преземе победникот на изборите, Џо Бајден.