црна хроника : Се удави човек во Охридското езеро, мртов маж во куќа во Козле

Попладнево пред околу еден час на кејот во центарот на Охрид се случи трагичен настан во кој едно лице се удави во водите на Охридското езеро. За сега не е познат идентитетот на жртвата и причините за трагедијата.

Охридската полиција се уште го нема потврдено случајот,  а портпаролот Стефан Димоски најави подетални информаации за подоцна.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во Полициската станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел 66-годишен скопјанец.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат скопјанецот, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави