Црна Гора ги отвара границите за македонските граѓани

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

-За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

На 22 јули Црногорското „Национално координативно тело за заразни болести“ повторно одлучи да прогласи епидемија на коронавирус на терирорија на целата држава.

Беа воведени се неколку нови привремени мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, а во исто време, во некои општини каде е намален епидемиолошкиот ризик, мерките беа ублажени.

Употребата на заштитни маски и надвор и внатре е задолжителна низ цела Црна Гора. Маски, исто така мора да носат деца постари од седум години, освен на плажи и во национални паркови, под услов да се чуваат настрана од други луѓе и други, претходно пропишани мерки. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави