Чичко Пандо пронајден починат, барал помош никој не му помогнал?

Потрагата по исчезнатиот Пандо Лазовски заврши трагично , тој е пронајден починат. Според објавите на негови блиски Лазовски е пронајден во Бутел на патот кон Чардак. Она што може да се дознае е дека човекот излегол од дома во раните утрински часови и му се изгубила трагата.

Информацијата и апелот за помош беа споредлувани на социјалните мрежи и на медиумите. Неофицијално наводно бил виден на неколку места но никој не му помогнал иако веројатно и самиот барал помош како да се врати дома.

Семејството се заблагодарува на сите кои се вклучија во потрагата, а причините за смртта дополнително ќе бидат утврдени.

Total
0
Shares
Поврзани објави