Четврта жртва на трагедијата во Романовце – почина возрасен маж

Шеесетгодишен маж кој беше сместен на КАРИЛ подлегна на повредите добиени од екслопзијата на плинска боца во кумановско Романовце.

Тој е четвртата жртва во семејната куќа во која утринава загинаа три деца. Уште тројца се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници..

Двајца од шестмината се сместени на КАРИЛ, двајца на пластична хирургија, а неизвесна е состојбата и на четириесетгодишна жена и десетгодишното дете, кои се хоспитализирани во старата градска болница „Св.Наум Охридски“, каде е примена и 20-годишна бремена жена.

Трагедијата каква што немало во државава во која има многу настрадани од едно поголемо семејство се случи околу 10 часот, кога експлодирала плинска боца во мометот кога на плинско решо се подготвувал чај. По екслозијата имало и пожар. Загинатите деца се на возраст од 8, 9 и 11 години.

Total
0
Shares
Поврзани објави