Четворица мажи киднапирале и силувале 18-годишна девојка

Четворица мажи завчера ноќта киднапирале 18-годишна девојка и ја однеле во куќа во радовишкото село Бучим каде што била силувана.

Полицијата го уапсила С.С.(30) од селото Бучим и по целосното расчистување на случајот против него ќе поднесе кривична пријава.

Немилиот настан се случил завчера ноќта кога С.С. заедно со уште тројца непознати лица насилно ја внеле во возило 18-годишната девојка и ја однеле во куќата на братот на С.С. во селото Бучим.

Според пријавата на девојката, С.С извршил обљуба врз неа.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави