Четири сестри се грижат за 56 пациенти во штипската болница, утре се чека извештајот за починатата 41-годишна пациентка

Утре истекува законскиот рок од три дена во кој директорот на Клиничката болница – Штип треба да постапи по налогот на Државниот здравствен и санитарен испекторат (ДЗСИ) за утврдување на случајот со пациентката од Берово.

На директорот му било наложено да ја свика Комисијата за квалитет на работа и да го преиспита целокупното лекување, како и постапките во однос на пациентката.

Како што соопшти денеска директорката на Инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова, во моментот кога е извршен надзор во Болницата, констатирано е дека на Инфективното одделение биле хоспитализирани 56 пациенти за кои грижа водат два тима доктори и медицински сестри кои работат по 12 часа. Во секоја смена биле ангажирани тројца лекари од кои еден инфектолог и двајца со сродна специјалност, додека од средномедицинскиот кадар во една смена имало четири сестри од кои најмалку две од матичното Инфективно одделение.

Констатирано е и дека постои телефонски број кој стои во работната соба, а бројот е истакнат во секоја од собите на болните и служи за комуникација меѓу пациентите и медициснкиот персонал.

Наложивме итно директорот на Клиничката болница Штип да ја свика Комисијата за квалитет на работа и да го преиспита целокупното лекување, како и постапките во однос на спомнатата пациентка. Во рок од три дена треба раководното лице на Болницата да го информира ДСЗИ за конкретните наоди, а потоа Инспекторатот ќе иницира вонреден стручен надзор. Моментно тече законскиот рок од три дена кој ДСЗИ со решение го задолжи директорот да постапи по мерките во решението. Утре истекува третиот ден, по што, ако не се постапи, Инспекторатот ќе изврши надзор за констатирање непостапување по решение, објасни Сотирова Бухова на прес-конференција.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со постапката за добивање решенија за изолација, директорката објасни дека Инспекторатот на дневна основа добива список со позитивни лица од Институтот за јавно здравје кој ги сумира сите позитивни од претходниот ден, тестирани во кој било од пунктовите во државата. Но, најчесто граѓаните оставаат погрешен телефон или погрешна адреса поради што решенијата не се доставени.

ДСЗИ ги изработува решенијата за позитивни лица – во овој момент, денеска, за лица кои се на списокот од 15 и 16 ноември. Ја кочи работата тоа што Инспекторатот не може, не смее и нема да издаде решение за контакт ако не добие список со епидемиолошка анкета направена од центрите за јавно здравје. Тоа е првиот момент, а вториот е – зошто некои граѓани се жалат дека не ги добиваат решенијата? Не ги добиваат ако остават погрешен телефон или погрешна адреса. На вчераниот ден јас одговорав на повиците на граѓаните и јавно ги повикувам во истиот момент кога не контакрираат и ќе кажат свои лични податоци, ги наоѓаме во системот и ние им ја кажуваме адресата на која им е доставено решението. Телефонски број или не оставиле или оставиле неточен број. Сите тие проблеми се решаваат во од. Секој граѓанин кој е позитивен или имал контакт а не добил решение, слободно може да се обрати и да остави потребни податоци на добро познатата меил адреса, ќе му биде одговорено и решението ќе му биде доставено, напомена Сотирова Бухова.

Случајот на 41- годишната пациентка од Берово која почина на Инфективното одделение во Клиничка болница – Штип го обелодени нејзината ќерка, објавувајќи фотографии на социјалните медиуми од мобилниот телефон на нејзината мајка кои покажуваатдека безуспешно барала помош и кислород од сестрите и докторите.

извор: Република.мк фото МИА

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски денеска поднесе неотповиклива оставка

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови…