Ценовска го победи Ковид19: Седев дома со две маски одалечена од намилото

Мелиса Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена Ковид19. Иако спаѓа во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома. Првата битка и страв кај неа дали ќе ја пренесе короната на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување.

Резултатот е секако шок. Не е пријатно, но во ниту еден момент не се поколебав кој ќе биде мојот прв чекор во борбата со овој вирус. Информирање на сите мои контакти, до последен. Апел да се чуваат и да ме информираат за својата состојба. Имаше меѓу нив и од оние кои спаѓаат во високо ризичните категории. Се плашев, повеќе за нив од што за себе. Јавно и гласно сакав секој да знае и во најбрз можен рок да преземе дејствија, раскажува Мелиса, инаку и дипломиран економист која е вработена во Управата за јавни приходи во Тетово.

Симптомите ги почувствувала четири дена пред тестирањето, за кое самата била упорна да го направи. Биле незабележливи симптоми, но главниот бил губењето на осетот за мирис.

Почна со кивање, па со затнат нос. Вечерта изгубив осет за мирис. Тоа е симптомот. Тоа не наведе на брис во петок. Сабота резултат и изолација. Во текот на целото „боледување” немав покачена температура, кашлање, кивање и сл. само мали компликации предизвикани од дејството на антибиотикот. Многу витамини, течности, објаснува таа.

Целиот текст може да го прочитате на tetovoinfo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави