Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје.

Радев смета дека членовите на Бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ја бараат и бранат, историската вистина и бугарскиот национален интерес.

„Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјавил Радев за БГНЕС.

Според него, секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства.