Будимир: Кога одам на гробот на Тоше, завршувам во болница

На денешен ден пред 13 години, пејачот Тоше Проески на 26-годишна возраст трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Ракометарка Андријана Будимир, со која помина неколку години во врска се сеќава дека некогаш Тоше и носел бели рози, нејзиното омилено цвеќе, а сега таа истите рози ги носи на неговиот гроб.

„Лекарот ми забрани да одам во Крушево затоа што секогаш кога одам на гробот на Тоше, завршувам во болница“, раскажа на времето Будимир.

Тоше наводно планирал да ја запроси, но менаџерите сметале дека тоа е „лошо за неговата кариера“.

Total
0
Shares
Поврзани објави