Бучковски тврди дека се води организирана хајка против Заев

Поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на СДСМ, Владо Бучковски застана во одбрана на ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во последното интервју за бугарската агенција БГНЕС дека Бугарија не е фашистичка земја, туку пријател на Македонија.

Бучковски вели дека Северна Македонија нема алтернатива бидејќи ЕУ е стратешка цел и затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ.

Тој тврди дека Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, вели Владо Бучковски во интервју за Цивил медија.

„Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто на Заев за БГНЕС. Мене ова ми е веќе Deja Vu. Пред 14 години, кога по средба со бугарскиот премиер Станишев, проговорив дека доаѓа време кога врз основа на заедничката историја треба да градиме заедничка иднина со тоа што ќе почнеме заеднички да ги чествуваме Св. Кирил и Методиј и зошто да не и Илинденското востание, бев дочекан на нож од дел од медиумите“, вели Бучковски и додава дека истото сценарио се одиграло и тогаш, превирања во СДСМ, нарачани колумни и говор на омраза против него.

Спопред него, денеска тоа се случува со посилен интензитет бидејќи Заев се обвинува за распродавање на македонската историја друг.  

„Според мене, Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, вели Бучковски.

Тој случувањата кај нас ги поврзува со општатата политичка ситуација во земјите од Западен Балкан.

„Албанија е во пресрет на парламентарните избори со длабока политичка поделеност на власта и опозицијата и отворен судир на Владата на Рама со претседателот Мета. Србија навидум е политички стабилна, но верувам свесна дека без признавањето на независноста на Косово, нема шанси за членство во ЕУ, вели Бучковски.

Во врска со реакцијата на Бранко Црвенковски, дека ќе го замрзне членството во СДСМ додека партијата не се огради од ставовите на Заев, Бучковски вели дека многу подобро ќе беше поранешниот претседател да молчеше.

„Си направи повеќе себеси штета, отколлку нешто промени во СДСМ“, смета тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гури од ДУИ вплеткан во шема со даночна измама, со 15 лица правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки, а со парите купил и деловен простор, тврди Обвинителството

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е…