Шахпаска: Бројот на невработени го кренаа и нашинците кои се вратија од странство

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека поради пандемијата со ковид-19 околу 16 илјади граѓани ги изгувиме работните места, а не 40 илјади колку се шпекулира во јавноста.

Шахпаска во интервју за Радиото Слободна Европа објаснува дека 40 илјади е бројка на новорегистрирани невработени, не работници кои останале без работа заради пандемијата.

Таа вели дека со воведување на гарантирана минимална помош работат на активирање на примателите на гарантирана помош на пазарот.

„Овој концепт на активација значи сите членови на семејството, коишто се вработливи, да се пријават во агенцијата за вработување и таму водителот на случај таму треба да направи проценка кој од тие возрасни членови е најсоодветен, највработлив со оглед на неговите квалификации, образование и потребите на пазарот на трудот. И нас дополнително бројката на пријавени невработени ни се зголеми точно заради спроведување на социјалната реформа“, изјавила Шахпаска за радиото.

Според неа, бројот на невработени во земјата ја зголемува и враќањето на голем дел од иселениците, кои заради пандемијата изгубиле таму работа и сега се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

„Единствена цел е да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи“, вели Шахпаска.

Total
0
Shares
Поврзани објави